ЗНАЕТЕ ЛИ КАДЕ Е ВАЈНОС?

Ако ве привлекува откривањето скриени убавини, непознатото на чекор од познатото, ако сакате да ги замените познатите глетки од Матка, Кокино, Куклици….со нови невидени, ви предлагаме 3 места за кои малкумина знаат но кој ги видел ги памти како скриени македонски убавини. Искористете го викендот да го видите Копришнички водопад, да го истражите Вајнос, да ви залута погледот во сите насоки од Ченгино кале.

Од Liridon — сопствено дело, CC BY-SA 4.0

Од Liridon — сопствено дело, CC BY-SA 4.0

Вајнос е археолошки локалитети во Горна Белица, јабланичко село со прекрасна природа. Најдобриот пат до Горна Белица го знаат Вевчанци, а води низ прекрасни предели до Вајнос. Вајнос е богато археолошко наоѓалиште, каде според археолозите, имало леарница и голема јавна бања, а во римско време ова била значајна попатна станица на Виа Игнација. Пронајдени се остатоци од камените плочи со кои била поплочена најпознатата патна врска во Римското царство.

Ченгино Кале е на надморска височина од околу 1.760 метри, оддалечено од Пехчево  20 километри, а за да стигнете и да ја откриете оваа скриена убавина се оди низ густа и висока борова и букова шума по тешко прооден земјен пат, кој прво поминува покрај дел од водопадите на Брегалница. Кога ќе стигнете не може да не се воодушевувате. Од врвот Ченгино Кале погледот ви се протега во далечината до планините и планински врвови – Пирин, Рила, Славјанка и Витоша кај Софија, во Бугарија и нашите Беласица, Плачковица, Голак, Осогово, па дури до Солунска Глава, Љуботен на Шар Планина.

Љубопитните тука ќе најдат од мини диносауруси до растение што јаде инсекти. Малото езерце, долго 30 до 40 метри и длабоко до еден метар, низ кое поминува граничната линија полно е речиси преку цела година, освен од крајот на летото, па до првите пообилни есенски дождови кога пак се полни. Околу него ќе откриете богатати флора и фауна, ендемската смрека, белата бреза, тритони кои наликуваат на минијатурни диносауруси и  инсектојадното растение drosera rotundifolia или муволовка.

Копришница е село во близина на Демир Капија напуштено подзаборавено, а бескрајно живописно. Живее само на Ѓурѓовден, кога се чествува празникот во обновената црква која го носи името на светецот. Убавина која чека д абиде откриена во Копришница е Моминскиот водопад во кој според легендата се капела млада убава мома па нејзината несекојдневна убавина преминала на реката и водопадот. Денес, останала само изреката:„ Момата ја нема, а местото во легендата“.

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram