Ние и заедницата

АКТИВНО УЧЕСТВУВАМЕ ВО СОЗДАВАЊЕ БЕЗБЕДНА СРЕДИНА ЗА УЧЕЊЕ

Ние и заедницата

Како директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје, Билјана Индова носи голема одговорност за децата кои учат таму, но и за сите оние кои се дел од персоналот. Училиштето со кое таа раководи беше дел од програмата за едукација за безбедноста и здравјето во училишната средина, со што таа директно ја поддржа иницијативата за создавање безбедна средина за работа и учење. Како таа успеа да ја имплементира програмата во своето училиште и како се снаоѓа во улогите на жена со успешна кариера, сопруга и мајка, подетално во ова интервју.

Кога најрано децата треба да почнат да се едуцираат за значењето на здравјето и безбедноста во училишната средина?

Biljana-IndovaЗа значењето на здравјето и безбедноста во училишната средина децата треба да се едуцираат уште од прво одделение, бидејќи благодарение на детските градинки, тие веќе имаат стекнато некакво сознание за значењето на здравјето и на средината во која дејствуваат.

Вашето училиште беше вклучено во програмата за едукација спроведена од Пивара Скопје по повод 28 април, Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа. Како ја прифатија учениците оваа иницијатива?

Biljana-IndovaПрограмата за едукација спроведена од Пивара Скопје, со оглед на тоа дека е од едукативен карактер, беше одлично прифатена и има сериозна тенденција да прерасне во идна соработка.

 

Можете ли да ни опишете како се одвиваше оваа соработка?

Biljana-IndovaОваа соработка се одвиваше преку организирана едукативна работилница во неколку различни фази. Во почетокот учениците се запознаа со предавачите, потоа следуваше  едукативна  презентација преку која учениците ја сфатија целта на ова предавање и се стекнаа со нови сознанија за својата  заштита. На крајот на учениците им беа поделени материјали соодветни за обуката.

Колку се ваквите иницијативи значајни за создавање генерации свесни за значењето на здравјето и безбедноста на работното место?

Biljana-IndovaВаквите иницијативи сметам дека се од големо значење, бидејќи кај учениците создаваат поголема перцепција за грижата за сопственото/туѓото здравје, а во иднина и за безбедноста на работното место, односно поголема внимателност во извршувањето на тековните задачи.

Како една млада дама стана успешен директор на основно училиште?

Biljana-IndovaЕ, да, убаво прашање. Тоа се случи во 2009 година. Знаете, за некои работи во животот треба, како што велат, да ви се состават коцките. Едноставно, добив понуда и не ја испуштив. Ја прифатив функцијата без двоумење, знаејќи дека ме чека напорна и, пред сè, одговорна работа. Но сè што се сака и што се работи со љубов во иднина резултира со успех.

Што правите за професионално да се надградите?

Biljana-IndovaМногу внимавам професионално да се надградувам, особено во менаџерскиот сегмент, бидејќи тоа не беше дел од моето формално образование. Како професор по информатика, отсекогаш имав предиспозиции и ме привлекуваа  менаџерските, раководните функции. Уште како средношколка, мечтаев да бидам менаџер иако мојот покоен татко велеше: „Знаеш ли дека тоа е машка професија?“ Но ете,  на мое задоволство, покажав дека жените се подеднакво успешни како менаџери.

Морам да Ви признаам дека во 2007 год. бев поттикната од една моја драга личност да се запишам и да полагам испит за директори. Во 2014 завршив втор циклус студии на Економскиот институт, насока Меѓународен менаџмент.

Во меѓувреме посетував многу обуки и семинари за лидерство, организациски и комуникациски вештини, ПР-менаџирање и многу други. Морам да ја споменам двомесечната обука за млади менаџери во 2015 година во реализација на Едукативниот центар на Пивара Скопје. Навистина прекрасно дружење, едукација и стекнато ново искуство.

Што Ве исполнува во работата и како ги балансирате приватните и професионалните обврски?

Biljana-IndovaПред да се појави на свет најсветото за мене во моментот, мојата ќеркичка Михаела, ме исполнуваше дружбата со пријателите, вечери, возење велосипед  и патувања. Но сега уживам само со неа, таа е центарот на мојот свет и во моментот е единствената  личност која управува со моето слободно време.

 

Имате ли време за рекреација и спортски активности?

Biljana-Indova За жал, откако се роди Михаела, немам време за мојот омилен спорт  – возење велосипед , но затоа, пак, уживам во пешачењето со неа, а понекогаш и со моите најблиски пријатели. Се надевам дека кога ќе потпорасне, заедно ќе уживаме во возење велосипеди.

 

 

Полна чаша на Instagram