

ИНТЕРЕСНИ БАРОВИ И КЛУБОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА



Ако се завртам и ако погледнам наназад, ќе се изненадам колку брзо помина половина година откако дојдов во Пивара и во Македонија. Јас му се придружив на продажниот тим на Пивара Скопје од Coca-Cola HBC во Србија. Нови познанства, купувачи, поинаква култура и навики. Го имав задоволството да ми припадне регионот Југ. Во него се содржат многу градови, на источна, на централна и на западна Македонија. Работата ми овозможи во овој период да ги посетам сите пазари и да ги увидам богатството и различноста на секој од овие краеви. Има две места на кои може да ги запознаете обичаите и луѓето на еден град: зелениот пазар и местата на кои луѓето пијат кафе, Coca-Cola или СКОПСКО. Македонците, Албанците и другите во оваа земја сакаат да се дружат и ова дружење се случува во кафе-баровите или во кафеаните и рестораните. На сите што ќе се најдат во некое од овие места топло им препорачувам додека уживаат во нашите производи, да го запознаат месното население и обичаите. Еве дел од оние места кои имав прилика првично да ги посетам и кои ми оставија впечаток.
„Миднајт Клуб“ – Скопје
„Миднајт“, или на постарите генерации попознато како „Мусандра“, е една од најстарите дискотеки во градот. Колегите ми раскажуваат дека клубот бил отворен во далечната 1995 година. „Мусандра“ функционирала како една од најпознатите дискотеки која своевремено претставувала имиџ-место за собирање и добра забава. Во текот на годините местото претрпело неколку измени, па познатата „Мусандра“ се преименувала во „Процес“, кој успешно функционирал 7 години, за денес да биде „Миднајт Клуб“, претставувајќи симбол за добра забава во градот.
Секогаш исполнета програма, ладно СКОПСКО и добра забава се зборовите кои го одбележуваат „Миднајт“ сите овие години.
„Круг Кафе“ – Скопје
„Круг Кафе“ е едно од најпознатите кафулиња во скопско Дебар Маало. Важи за одлично место за супер муабет преку ден, а во ноќните часови е исполнето со интересна програма. Ова е едно од местата каде што јас сакам да го пијам моето кафе со Coca-Cola. Овде е секогаш полно со интересни луѓе кои имаат што да споделат, со добар муабет и во пријатна атмосфера. Моите пријатели велат „Круг“ било и ќе биде интересно место за добро поминато време.
„Мамас Клуб“ – Скопје
„Мамас“ Клуб е отворен во 2006 година и цели девет години го оформува ноќниот живот во Скопје. Важи за место кое нуди квалитетна музика, интересна публика и, секако, брендовите на Пивара Скопје. Интересниот концепт кој го нуди „Мамас“, добрата забава и разновидната програма, прави тој да е еден од двигателите на зимскиот ноќен живот во Скопје.
„Плеј Кафе“ – Скопје
„Плеј Кафе“ е место каде што може убаво да се забавувате навечер со ладен Heineken. Важно е само да консумирате одговорно, не дозволувајте исклучително добрата атмосфера овде да ве понесе, па доколку пиете, оставете ја колата на паркинг, никако не возете назад дома.
„Клуб Елдорадо“ – Гостивар
Кога се зборува за добра забава до раните утрински часови во Гостивар, сигурно се мисли на „Клуб Елдорадо“. Во клубот настапуваат некои од најголемите бендови и ѕвезди од Македонија, а и пошироко. Стилот на музика варира од Екс-ју, поп, рок до турбо-фолк, што значи дека во одреден ден во неделата има за секого по нешто. Единственото што не варира е температурата на нашето СКОПСКО, секогаш присутно и грч ладно.
„Мамбо“ – Тетово
Угостителството е уметност само по себе. А кога таа уметност ќе се усоврши низ годините и ќе се спои со ритамот на новиот стил, се раѓа едно ново место, што е вистинско освежување во Тетово. „Мамбо Кафе“ е нов бар во центарот на градот, каде што можете да искулирате со кафе и Coca-Cola или да го поканите друштвото на ладна кибла Heineken и добра дружба.
„Рио Кафе“ – Кочани
Рио Кафе“ е објект кој е лоциран во село Зрновци кај Кочани. Отворен е во 2000 година. Секој што бил таму ќе ви каже дека забавата е одлична. Има летна бавча од 150 м2 која се полни во текот на летото. Прекрасни сопственици, а уште подобра услуга.
Ирски Паб „Guinness“ – Кочани
Ирскиот паб Guinness во Кочани е лоциран во градскиот трговски центар. Работи повеќе години. Организира ноќни забави со секаков вид музика и одлична услуга. Од неодамна овде служат и храна.
„Куба Либре“ – Охрид
Своето постоење го почнал како мал ноќен клуб во стариот дел на античкиот град Охрид во 2000 година. Денес „Куба Либре“ е синоним за задоволство и квалитет, без разлика дали сте на плажата или во ноќниот клуб. Ако сте љубители на опуштена атмосфера, латино музика, кежуал забави, добра храна и добар пијалак – „Куба Либре“ е местото кое треба да го посетите. Тука ќе се забавувате со познатиот бенд „Cubalcanica“ ексклузивно и уникатно. Ова е место каде што може преку ден да уживате со коктел на плажа, а потоа веднаш да продолжите да се забавувате со ноќната програма на локалот.
Кафе-бар „Инстинкт“ – Битола
Кафе-барот „Инстинкт“ опстојува веќе осум години и е во срцето на градот Битола на, како што ми велат битолчани, „највеличествената улица во Македонија“, Широк Сокак. Тука почнуваат многу приказни за живеењето во градот, се следат сите светски и европски настани од фелата на спортот, но и културните настани во градот. Овде може да запознаете многу битолчани.
„Кафе Камарите“ – Битола
„Кафе Камарите“ се наоѓа во строгиот центар на Битола и е познат како објект што го посетува млада популација која ужива во звуците на џез, фанк и алтернативна музика. Има редовна викенд-програма со различна музика и понуда на пијалаци. Објектот е опремен со одлично озвучување што е предуслов за добри журки. И услугата е одлична.
„ДИ КАПРИО“ – Прилеп
Локалот е отворен во 2002 година како кафе-бар. Веќе 13 години мештаните и гостите уживаат овде на плоштадот во Прилеп во позитивна атмосфера и поглед на старата чаршија. Објектот е на 3 ката.
„Имиџ Клуб“ – Кичево
Клубот е отворен во 2013 година како кафе-бар. Работи 2 години. Лоциран е на плоштадот во Кичево. Место каде што можете да уживате на пропатување, како мене, или, пак, да останете и навечер за забава. Овдешните колеги ми кажуваат дека многу убави журки се случуваат во овој клуб.
„РОМА-КАФЕ“ КАВАДАРЦИ
Кафе-барот „Рома“ работи веќе полни 10 години. Се наоѓа во центарот на Кавадарци. Е овде сум бил и во дневна и во ноќна шема. Програмата овде е планирана за сите 7 дена, како со диџеи, така и со живи свирки. Јас би издвоил задолжително да ги посетите „аfter – work“ забавите секој четврток и боемската вечер секоја недела преку целата година.
Kафе-бар „KОНЦЕПТ“ – Струмица
Кога се зборува за Струмица, секако една од првите асоцијации е добрата забава. И, да, овде има многу убави места, кафулиња и ноќни клубови. Едно од поновите места кои изгледаат баш светски е кафе-барот „Концепт“. Никако не смеете да го пропуштите.
Ако сакате да ја почувствувате енергијата на Струмица преку ден, дојдете некоја сабота рано попладне на Струмичкото корзо – долниот дел кој води кон паркот. Овде ќе сретнете многу млади, но и повозрасни кои уживаат во убавото сонце дури и во зима. Ако немате можност да дојдете за викенд, тогаш како и јас, уживајте во текот на неделата во специјалитетот на „Концепт“: традиционалното „турско“ кафе кое се приготвува на оригинален турски песок, а се служи во посебни бакарни ѓезвиња со коцка шеќер и турски локум. Јас тоа го комбинирам со Coca-Cola и ми претставува совршено полнење на батериите во работниот ден.
Ова беше листата на објекти кои најпрвин ги посетив кога се преселив во Македонија. Запознавам уште многу места и листата постојано се проширува. Едно е сигурно, во Македонија луѓето знаат да уживаат.