Ние и заедницата

ПОСВЕТЕНОСТА НА РАБОТАТА Е КЛУЧ ЗА УСПЕХ

Ние и заедницата

Основен предизвик со кој се соочуваме секој работен ден е да обезбедиме постојан квалитет на нашите производи, а потрошувачите од нас тоа и го очекуваат и заслужуваат тоа да го добијат во секое наполнето шише пиво. Често знаеме да се пошегуваме дека квалитетот е како крвта во телото на еден човек, ја има насекаде и без неа не може да се преживее, дециден е Асенчо Ценов, Менаџер за Квалитет на пиво во Пивара Скопје. Едно од најдрагите достигнувања му е работата на тестирањето и создавањето на рецептурата за Скопско „Радлер“. Од неодамна тимот за Контрола на Квалитет на Пиво се збогати со два нови членови, две нови колешки – инженери, и сега имаме млад тим на кого ќе имам можност да им го пренесе своето знаење и искуство. Вели дека дома има колекција на повеќе од 1.500 филмови и го користи секој момент со семејството да одат на кино. Со колегите најчесто оди на пиво во петок после работа.

1. Неодамна прослави 20 години работа во Пивара Скопје. Кажи ни нешто повеќе за твоите почетоци и како се развиваше твојата кариера?

Работната кариера во Пивара Скопје ја започнав како дел од т.н “Management trainee program” со прва работна позиција како Процесен инженер во Производство на Пиво. Таму останав речиси 2 години, а потоа бев префрлен во делот на Точилница за Пиво, каде останав 1 година. Потоа следуваше ангажман во одделението за Контрола на Квалитет каде првично работев како Микробиолог, но набрзо бев унапреден во Супервизор за Контрола на Квалитет на пиво. На таа позиција останав речиси 12 години и мислам дека тоа беше еден од најзначајните периоди од мојата професионална кариера. Со напорна работа и континуирани обуки се стекнав со подетални знаења од организацијата и спроведувањето на контролата на целокупните процеси во Производството. На крајот на 2013 година станав член на тимот кој го имплементираше SAP системот како одговорен за делот на Менаџмент со Квалитет. По завршување на овој проект продолжив да бидам дел од тимот на ВЅЅ (Business Systems & Solutions) – СЕКТОР ЗА ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ каде работев се до крајот на минатата година.

2. Подолг период беше дел од тимот на BSS, односно Coca Cola HBC одделот за информатички системи. Од неодамна одлучи да ја промениш работната позиција и сега повторно се врати во секторот за Контрола на квалитетот на пивото. Можеш ли да споделиш со нас што те предизвика да ја направиш оваа промена?

Работата во ВЅЅ беше многу интересна и динамична, бев одговорен за имплементација на SAP проекти и морав дa работам со речиси сите оддели во секторот Логистика. Но во одделението за Контрола на Квалитет поминав поголем дел од мојата кариера и работата на оваа позиција секако ми претставуваше поголем предизвик.

3. Со кои предизвици се соочуваш во секојдневната работа?

Основен предизвик со кој се соочуваме секој работен ден е да обезбедиме постојан квалитет на нашите производи. Нашите верни потрошувачи од нас очекуваат врвен квалитет и тие заслужуваат тоа да го добијат во секое наполнето шише пиво.

4. Можеш ли накратко да опишеш како изгледа процесот на контрола на пиво?

Контролата на квалитетот е навистина многу комплексна работа: се контролираат сите фази и процеси во производство на пивото, од влезна контрола на суровини & репроматеријали, преку анализи на полу-производите, се до дистрибуција на готовиот производ. Квалитетот не може да се лоцира само на едно одредено место. Ние често знаеме да се пошегуваме дека квалитетот е како крвта во телото на еден човек, ја има насекаде и без неа не може да се преживее.

5. Колку Пивара Скопје ти помогна да напредуваш и да ги оствариш своите професионални цели и колку те мотивира секојдневно да се стремиш кон нови успеси?

Пивара Скопје припаѓа на двата најголеми производители на пијалаци Coca – Cola HBC и   HEINEKEN и тоа се навистина огромни бизнис системи кои постојано те мотивираат да одиш напред, стручно да се оспособуваш преку континуирано учење и константно унапредување на процесите.

6. Кое е твоето најголемо достигнување во твојата досегашна кариера?

Навистина ми е тешко да одделам некој период или проект посебно, но некако најдраги ми се работата на тестирањето и создавањето на рецептурата за Скопско „Радлер“, учеството во SAP тимот и секако имплементацијата на програмата за безбедност на храна ISO 22000 – Пивара Скопје е прва компанија во Македонија која доби сертификат за овој стандард.

7. Со оглед на твоето големо професионално искуство во Пивара Скопје, какви совети им делиш на помладите колеги? Кои вредности треба да ги применуваат за да бидат успешни?

Она што им го велам на сите помлади колеги е дека посветеноста кон работата, упорноста и коректниот однос кон сите колеги е единствениот начин да се има успешна соработка и професионален напредок во кариерата.

Од неодамна тимот за Контрола на Квалитет на Пиво се реорганизираше и се збогати со два нови членови, две инженерки, и сега имаме млад тим на кого ќе имам можност да им го пренесам своето знаење и искуство.

8. Колку работата ти дозволува да одвоиш квалитетно време поминато со колегите надвор од Пивара Скопје?

Некогаш е многу тешко да ги усогласиш професионалните со приватните обврски, но секако ако се сака може да се одвои малку време и да се отиде на пиво со колегите, а тоа го правиме вообичаено во петок после работа.

Инаку како дел од BSS тимот, ја имав таа среќа да работам во тим кој посветуваше многу внимание на организирање тимски активности. Преку нив имавме убава можност подобро да се запознаеме со колегите, да ги видиме во поинакви услови од оние кои секојдневно сме навикнале да ги гледаме на работа, во костуми и со строго „професионално“ однесување.

9. На кој начин го поминуваш своето слободно време? Што е она што те релаксира по напорниот работен ден?

Јас сум голем љубител на филмови и навистина ја користам секоја прилика да се опуштам со гледање на некој добар филм. Дома имам колекција на повеќе од 1.500 филмови и го користам секој момент кога можам со моето семејство да одиме на кино.

Како дел од генерациите што пораснаа со легендариот „Commodore 64“ исто така сум љубител и на видео игри, а многу често знам и со другарите од средно училиште да се собереме и играме „Ризик“ (strategy board game), традиција која трае повеќе од 20 години.

Тоа е нешто што навистина ме орасположува и ми овозможува да ги наполнам батериите после напорната работна недела.

Полна чаша на Instagram