Ние и заедницата

OPPORTUNITY MARKETPLACE – ГОЦЕ МИТЕВ

Кој проект го имаш објавено и зошто одлучи да ја користиш платформата Opportunity Marketplace?

Секторот за развој на способностите го објави проектот Продажна Академија, тоа беше проектот за лансирање на Академијата каде што за првпат успеавме да ги имплементираме сите групациски стандарди и да го издигнеме учењето и надградувањето на сите колеги во продажба на повисоко ниво. Проектот беше голем предизвик па ни недостасуваа и човечки ресурси за целосна и навремена имплементација.

 

Кои се предностите на платформата и што е тоа што ви овозможи Opportunity Marketplace?

Оваа платформа нуди доста можности, а јас би ги издвоил клучните за мене бидејќи преку оваа платформа транспаретно му даваме шанса на секој да аплицира и да земе учество во објавениот проект. Исто така, гледам голема прилика за споделување на меѓусекторска/меѓународна соработка и стекнување на знаења. Како една од најголемите придобивки за мене, беше улогата на проектен лидер.

 

Што научи од ова искуство Гоце?

По којзнае кој пат докажавме дека сме едно големо семејство кое се грижи еден за друг, ги негува основните компаниски вредности и откако го објавив вториот проект на оваа извонредна платформа се пријавија дури 12 колеги. Мое лично надоградување е тоа што успеав да ги подобрам своите лидерски вештини, да го водам тимот во остварување на одлични резултати и да го мотивирам во текот на целосната реализација.

Полна чаша на Instagram