ОГЛАС ЗА РАБОТА: КОНТРОЛОР НА МАТЕРИЈАЛИ И ЗАЛИХИ

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности како за личен развој така и за кариера.

 

Што е тоа што бараме:

  • ВСС – VII/1 степен,
  • Одлични усни и писмени комуникациски вештини,
  • Знаење за одржување бази на податоци,
  • Искуство во подготовка на презентации и извештаи,
  • Најмалку 2 години работно искуство во управување со канцеларија, вршење технички и административни задачи,
  • Прецизно и точно управување со податоци и документи,
  • Одлично познавање на Microsoft Word, Excel, PowerPoint, Интернет,
  • Одлично познавање на деловниот англиски јазик,
  • Подготвеност за континуирано учење и развивање на нови знаења и вештини, усвојување на нови технологии и методологии со цел постојано подобрување на личните вештини и
  • Возачка дозвола, Б-категорија.

 

Краток опис на основните одговорности:

Го следи движењето на целиот асортиман на готови производи, амбалажа, суровини и материјали за пакување што ги поседува Пивара Скопје и управува со повратната амбалажа. Управува со административни активности, за да се обезбеди ефикасна координација на текот на работата,

  • Подготвува оперативни извештаи за работењето на Логистика, за влијанието на клучните финансиски индикатори,
  • Со соодветни анализи, информации и со добра проценка предложува план на дејствување за да се подобри оперативното работење,
  • Спроведува процедура за враќање на готов производ од пазар,
  • Раководи со распоредување на амбалажата за безалкохолни пијалаци и со пивската амбалажа,
  • Спроведува месечен попис и ги разгледува разликите од пописот, и предлага план на активности,
  • Управува и ја контролира точноста на инвентарот со постојана проверка,
  • Обезбедува внатрешна контрола на статусот на залихата,
  • Обезбедува точност на системот за управување со залихата и се грижи за трансфер на документите преку SAP системот,
  • Работи во согласност со политиките и постапките за продажбата на компанијата,
  • Посветен е на културата за иновации и имплементација на нови процедури, за подобрување на тековното работење.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на  Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да испратат свое CV (англиски и македонски јазик) на следната e-адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com и да го назначат називот на позицијата – контролор на материјали и залихи, најдоцна до 30.09.2018 год.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување, нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram