Запознајте ги нашите луѓе

ПИВАРА СКОПЈЕ Е КОМПАНИЈА ВО КОЈА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ Е ЕДЕН ОД ПРИОРИТЕТИТЕ И СИТЕ ИМААТ ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА НАПРЕДУВАЊЕ

Запознајте ги нашите луѓе

Нејзиното животно мото е „Упорноста секогаш дава резултати”. Секогаш и во сѐ со позитивна мисла и неуморно кон предизвиците. Годинава го доби јубилејното признание за цели три децении работа во Пивара Скопје. Ваквите признанија се гордост и нешто кон што се стреми секој Пиварец”, вели Јадранка Ажиевска, денес Call Center оператор во Пивара Скопје, која со многу емоции се потсетува на своите почетоци и искуството стекнато низ различни позиции во компанијата. Јадранка е сопруга и мајка на две, веќе возрасни деца, која викендите целосно ги посветува на семејството, а кога ќе одлучи времето да го посвети само на себе, пешачењето и планините ѝ се прв избор.

 

1.Кажи ни нешто за твоите почетоци… Каде ја започна својата кариера, како се вработи во Пивара Скопје и како напредуваше?

Моите почетоци во Пивара Скопје беа пред точно 30 години. Започнав како работник во точилница на пиво, позиција која ми овозможи да запознаам нови вредности на работа, одговорност, точност, и пред сѐ тимска работа.  Со радост би сакала да споделам дека годинава го добив јубилејното признание за цели три децении работа во Пивара Скопје. Ваквите признанија се гордост и нешто кон што се стреми секој Пиварец. Иако работата секојдневно ми носи секакви предизвици, некогаш позитивни, некогаш помалку позитивни, но јас буквално уживам во неа.

 

2.Што опфаќа твојата работна позиција?

Денес мојата работна позиција е Call Center оператор. Заедно со мојот тим се трудиме да одговориме на сите прашања, барања и потреби на нашите купувачи, со една единствена цел, да имаме задоволни купувачи и со тоа да ја зголемиме продажбата на нашите производи. Секој продаден производ е наша гордост и дел од остварените хектолитри 😊

 

3.Колку работата те прави среќна и ти дава чуство на задоволство по напорниот работен ден?

Среќна сум што работам со колеги кои, пред сѐ, многу професионално си ја извршуваат својата работа. Во нашиот тим владее креативна и динамична атмосфера без строга хиерархиска поделба во односите. Сите сме дел од едно големо семејство на Пиварци и секогаш се водиме по принципот на наградување, а не на казнување. Тоа ни дава простор за лесно учење и побрза адаптација на промените кои се составен дел од секој бизнис. Често организираме и тим билдинг активности кои дополнително придонесуваат кон уште поквалитетна и помотивирачка работна средина.

 

4.Кои се клучните вредности и вештини што секојдневно ги применуваш со цел да бидеш успешна во работата?

Животот е маратон, а не спринт. Така е и во работата, мораш да се стремиш на долги стази и никогаш да не брзаш затоа што само така е правилно и тоа носи долгорочни резулати. Верувам во добрина, хуманост, знаење, упорност и труд и тоа се, пред сѐ, личните вредности кои ги применувам во секојдневната работа, а кои се покажаа како продуктивни .

 

5.Кои се твоите најголеми достигнувања во кариерата, нешто што те прави особено горда?

Како свое најголемо професионално достигнување го сметам тоа што, еве веќе 30 години, сум дел од една успешна компанија, каква што е Пивара Скопје. Освен тоа, постојаното усовршување, надградба за мене се исто толку големи достигнувања. Знаете, некогаш не мора да сте на висока менаџерска позиција за да се чуствувате реализирани и исполнети во она што го работите. За мене секој нареден ден е подобар од претходниот, работам чесно, со многу љубов и искреност. Среќна сум што имам уште многу пред мене и верувам дека и во иднина успешно ќе се надградувам.

 

6.Според тебе, каква е улогата на жените во подобрувањето на родовата еднаквост во деловната средина?

Секоја жена носи различна приказна во себе, а сепак во тие приказни има нешто заедничко. Жените на денешницата се силни и истрајни и стожер врз кој почива сѐ и околу кој сѐ се врти. Сметам дека жените се движечка сила во општеството, а Пивара Скопје е пример за компанија во која родовата еднаквост е еден од приоритетите и сите имаат еднакви можности за напредување.

 

7.Која е вашата најголема поддршка во животот?

А кој друг ако не семејството 😊. Моето семејство е моја најголема љубов, темел и поддршка за сѐ во животот.

 

8.Како жена која има професионална кариера, како успеваш да направиш баланс помеѓу работата и семејството?

Понекогаш не сме свесни дека хармонијата ни зависи од квалитетот и желбата за организирање на нашето време. Тоа за мене значи секогаш да се има време, како за кариерата така и за приватниот живот, како основен предуслов да го зачуваме нашето здравје и љубовта како основа на сѐ во животот. За време на работните денови целосно сум посветена на работата, но викендите задолжително ги поминувам со семејството.

 

9.Дали имаш некое хоби, нешто што те релаксира по работниот ден?

По работниот ден практикувам неколку часа пешачење кое ми помага во водењето на здрав живот и релаксација.  Планината е она што ми е потребно барем еднаш неделно, па така често Водно ми е опција.

 

10.Кое е твоето животно мото?

Моето животно мото е „Упорноста секогаш дава резултати”. Секогаш и во сѐ со позитивна мисла и неуморно кон предизвиците. Цврсто верувам дека упорноста е клучна за успехот и во работата и животот генерално.

 

Полна чаша на Instagram