Животен стил

ПРИДОБИВКИТЕ ОД ОДЕЊЕ НА РАБОТА СО ВЕЛОСИПЕД

Се разбира, тоа е остварливо само ако живеете релативно близу до вашата работа – не сакате да преземете подвиг налик Tour de France двапати дневно. Статистичките податоци на ниво на Европа покажуваат дека околу 180.000 луѓе возат велосипед на работа секоја година.

Реалноста е дека има многу придобивки од патувањето со велосипед во однос на другите видови на транспорт, затоа прочитајте за нив во текстот подолу.

 

Еколошка придобивка. Во последните години фокусот и вниманието кон глобалното затоплување е поголемо, како и грижата за нашите животни стилови и нивниот импакт врз околината. Возењето велосипед до работа ќе придонесе кон намал количината на емисија на гасови од возилата, помагајќи да се заштити нашата планета за идните генерации.

Физичка придобивка. Исто така, постојат многу здравствени придобивки од возењето велосипед. Може да ви помогне во одржување на вашата физичка кондиција, , да ги обликувате вашите мускули, да ја подобрите кардиоваскуларната кондиција и да ги намалите шансите за респираторни заболувања. Тоа е, исто така, форма на лесно вежбање, така што колковите, колената и глуждовите нема да го имаат истиот напор како што би го имале доколку одите или трчате слично растојание.

Финансиска придобивка. Возењето велосипед до работа исто така може да има позитивен ефект врз вашиот домашен буџет. . Со избегнување на јавниот превоз или оставање на автомобилот дома може да направите сериозни заштеди. Се разбира, сѐ уште ќе постојат трошоци – на пример, за одржување или евентуални  поправки на велосипедот.

Професионална придобивка. Кажете им збогум на поспаните патувања во претопол, преполн јавен превоз и на долгите чекања во сообраќајниот метеж што ве прават да се чувствувате поуморно отколку кога ви се вклучува алармот наутро. Наместо тоа, одете на работа со велосипед и зголемето го количеството на ендорфин во вашиот организам. Бидете на време на работа за да можете да се освежете по пристигнувањето и ќе бидете подготвени за сите предизвици што ги носи  денот и да ги реализирате вашите кариерни аспирации.

Полна чаша на Instagram