ЗОРЕ СПАСОВСКА – ГОДИНАВА ПРОСЛАВУВАМ 40 ГОДИНИ РАБОТА ВО ПИВАРА СКОПЈЕ – КОМПАНИЈАТА Е МОЈОТ ВТОР ДОМ

Четири децении во Пивара Скопје, исполнети со предизвици и промена на неколку позиции е доказ дека Пивара Скопје е компанија која се грижи за своите вработени и нивниот личен и кариерен развој, вели Зоре Спасовска, специјалист во кредитна контрола во Финансискиот сектор. Вели дека Пивара Скопје е пример за компанија во која поимот родова еднаквост не се дискутира, бидејќи се подразбира. Како и повеќето жени успева да заврши истовремено повеќе обврски како на деловен, така и на приватен план, а за тоа најважна е добрата организација, соработката, како и поддршката од семејството. Слободното време најмногу го поминува со внуците Петар и Леа.

 

  1. Кажи ни нешто повеќе за твоите почетоци…Кога и како ја започна својата кариера во Пивара Скопје?

Мојата кариера во Пивара Скопје започна на 04.06.1979 година. Најпрво работев во производство, а после 5 години продолжив во Комерцијалниот сектор, тогашно Фактурно одделение. Во текот на годините сменив неколку работни позиции како во Комерцијалниот, така и во Финансискиот сектор и тоа ми овозможи да ги проширам моите знаења на повеќе полиња. Со гордост би сакала да споделам дека годинава прославувам четири децении работа во Пивара Скопје.

 

  1. Што се опфаќа позицијата на која се наоѓаш моментално и со какви предизвици и одговорности се соочуваш?

Во мометов сум на позицијата Специјалист во кредитна контрола во Финансискиот сектор. Работното место подразбира секојдневна комуникација како со колегите од другите сектори, така и со нашите купувачи. Постојано се трудиме да имаме задоволни купувачи, кои секогаш се на прво место.

 

  1. Колку Пивара Скопје ти помогна да напредуваш и да ги оствариш своите професионални цели и колку те мотивира секојдневно да се стремиш кон нови успеси?

Пивара Скопје е несомнено компанија која постојано се грижи за своите вработени. Среќна сум што за време на мојот работен век имав можност да го проширам и надградам своето знаење и да работам во компанија во која владее позитивна атмосфера и тимски дух. Ние Пиварците ја чувствуваме Пивара Скопје како наш втор дом.

 

  1. Кое е твоето најголемо достигнување во твојата досегашна кариера?

Фактот дека моето прво вработување е во Пивара Скопје, а и после 40 години тука ќе го завршам мојот работен век, говори сам за себе.

 

  1. Според тебе, каква е улогата на жените во подобрувањето на родовата еднаквост во деловната средина?

За мене Пивара Скопје е пример за компанија во која поимот родова еднаквост не се дискутира, бидејќи се подразбира. Нашите тимови се пример за рамноправност и можност за напредување независно од полот.

 

  1. Како жена која има професионална кариера, како успеваш да направиш баланс помеѓу работата и семејството?

Како и сите жени успевам да завршам истовремено повеќе обврски како на деловен, така и на приватен план. Сметам дека за тоа е најважна добрата организација, соработката, како и поддршката од семејството.

 

  1. Со оглед на твоето долгогодишното професионално искуство во Пивара Скопје, какви совети им делиш на помладите колеги и оние кои допрва го учат бизнисот? Кои вредности треба да ги применуваат за да бидат успешни?

На младите би им советувала да се соживеат со својата работа, да ја сакаат и почитуваат компанијата, да бидат позитивни, истрајни и чесни во извршувањето на своите работни задачи и постигнувањето на своите цели. Исто така, со задоволство да го дочекуваат секој нов работен ден и да ги прифаќаат можностите кои им ги нуди Пивара Скопје.

 

  1. На кој начин го поминуваш своето слободно време? Што е она што те релаксира по напорниот работен ден?

Слободното време го поминувам со своето семејство: сопругот, синовите, снаите и внуците Петар и Леа. Миговите поминати со своите најблиски за мене се бесценети. Понекогаш со сопругот ја користиме можноста да отпатуваме некаде со пријателите и да се релаксираме.

Полна чаша на Instagram