Запознајте ги нашите луѓе

ПРИФАЌАЊЕТО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ И ПОСТАВУВАЊЕТО ПОВИСОКИ ЦЕЛИ СЕ МОЈОТ НАЈГОЛЕМ МОТИВ ЗА ЛИЧЕН И КАРИЕРЕН РАСТ

  1. Што сонуваше Џена кога беше дете, што ќе биде кога ќе порасне? Можеше ли да си замислиш кариера во продажба?

Кога бев малечка сонував дека еден ден ќе станам учителка. Секојдневно иницирав такви игри, мислев дека тука се крие мојата идна професија, па дури и образованието го продолжив во тој правец, студирав општа и компаративна книжевност.  Иако бев убедена дека еден ден тој сон ќе ми се оствари, професионално започнав да се движам во една сосема друга насока, и еве, повеќе од 10 години работам во продажниот сектор.

  1. Кажи ни нешто повеќе за твојата кариера досега? Какво е чувството, задоволна ли си со патот по кој се движиш?

Првото искуство од областа на продажбата ми беше во американска компанија со седиште во Дебар. Главна дејност на компанијата е продажба и услуга на корисници. Во компанијата работев околу 10 години буквално на сите работни позиции од агент за продажба на телефон до менаџер, а подоцна се одлучив да преминам на една целосно поинаква позиција. Бев ангажирана како Менаџер за маркетинг и продажба во друга фабрика за производство на печки на пелети, каде се задржав околу две години. По ова искуство, одлучив да направам еден поразличен чекор во мојата кариера и да се приклучам во тимот на Пивара Скопје. Едноставно, се пронајдов во секторот за Продажба и континуирано се трудам да се надоградувам.
 

  1. Опиши ни го моментот кога сфати дека Пивара Скопје е вистинското место за тебе. Зошто реши да се приклучиш на тимот Пиварци?

Во екот на глобалната пандемија дојде до големи промена во начинот на функционирање на бизнисите. Целосно се промени динамиката на живот, па и јас почнав да размислувам да променам нешто во моето секојдневие. Разгледувајќи ги социјалните медиуми, случајно налетав на оглас на Пивара Скопје и без многу размислување аплицирав. Знаеќи дека се работи за одлична компанија која постојано вложува во растот на своите вработени, со нетрпение го очекував одговорот на мојата апликација.

Одлично поминав на тестовите и интервјуата и на мое огромно задоволство ја добив работата, со што и официјално станав дел од големото семејство Пиварци и еве веќе 6 месеци сум на позицијата Унапредувач на пазар (бизнис девелопер) за Дебар.

  1.      Како изгледа еден твој ден на работа, со какви предизвици се соочуваш? Кој дел од работниот ден ти е омилен?

Како и секоја друга, така и работата како бизнис девелопер има свои предизвици со кои секојдневно се соочуваме на терен. Секој работен ден е различен, посебен и претствавува приказна за себе. Покрај секојдневните обврски при продажбата, мерчендајзинг, активациите, тука се и нашите купувачи, секој со една своја поинаква приказна. Токму тоа е мојот омилен дел од работата. Секој купувач, секој објект со кој работиме има своја душа, колку побрзо допреме до неа и ги спознаеме можностите за раст, толку побрзо можеме да ја достигнеме нашата цел.

 

  1. Какво е чувството да си вклучен во продажбата на светски познати брендови и локални брендови што се број 1 на пазарот?

Вистински предизвик e да се работи за Пивара Скопје. Работиме со најбараните брендови на глобално ниво и уште на самиот старт треба да си поставиме високи цели, бидејќи тоа и нашите купувачи го очекуваат од нас. Самата работа бара од нас одредена динамика, волја за надоградување, следење на светските трендови и практики и колку побрзо се вклопиме во таа динамика, толку полесно ќе ги остваруваме зададените цели.

 

  1. Што е она што те мотивира да прифатиш нов предизвик во кариерата, наместо да останеш во комфорна зона?

Кога ќе се најдеме во зоната на комфорот, често доаѓаме до состојба на стагнација, не сме продуктивни како некогаш и не растеме интелектуално. Задавањето и прифаќањето на нови предизвици, поставувањето повисоки цели како и внесувањето на нови практики при работата се мојот најголем мотив за мој личен и  кариерен раст и развој.

 

  1. Што е тоа што ти го нуди тимот Пиварци и колку брзо успеа да се прилагодиш на новата работна атмосфера?

Како релативно нов бизнис девелопер морам да признаам дека се уште се прилагодувам на работната атмосфера, бидејќи постојано се соочувам со нови предизвици. Морам да напоменам дека огромна поддршка добивам од мојот Тим лидер како и од моите колеги. Нивната поддршка значително ми го олесни процесот на адaптација и придонесе уште од самиот почеток да се чувствувам добродојдена во компанијата.

 

  1. Колку Пивара Скопје ти помага да стекнеш нови знаења и вештини и да ги оствариш своите професионални цели?

Пивара Скопје навистина голем фокус дава на растот на своите вработени. Навистина сум позитивно изненадена од квалитетот и бројот на обуките кои се организираат за нас, вработените. Обуките се навистина иновативни и  нудат современи решенија за сите предизвици со кои се среќаваме секојдневно.

  1. Кои вредности според тебе треба секој да ги применува за да биде успешен?

За  успех потребно е да сме посветени, да го сакаме она што го работиме, да одвоиме доволно време, да ја внесеме нашата страст во она што го работиме, а оттука ќе произлезат сите наши идеи. И најважното – упорноста, ако сме упорни сигурно ќе успееме.

 

  1. Како го поминуваш слободното време? Што е она што те релаксира по работниот ден полн со предизвици?

После секој работен ден се релаксирам со фитнес. Вежбам активно веќе година и половина, 6 дена неделно. Фитнесот премина во мој начин на живот и не можам да си  го замислам денот без тренинг.

Кога имам време си дозволувам и прошетка со пријателките или посета на некоја интересна локација. Најголем дел од моето слободно време поминувам со моето семејство, од каде и ја црпам енергијата за секој нов ден.

Полна чаша на Instagram